Две недели по почетокот на новата 2023 година во Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди првото новороденче. Дваесет и осумгодишната Ангела Крстова од Кочани на свет донесе здраво женско дете, кое е втора рожба во семејството.

– Првото бебе за оваа година на нашето акушерско одделение се роди синоќа, а семејството Крстови доби ќерка. Бебето е со тежина од 3,2 килограми и должина од 51 сантиметар и заедно со мајката се чувствуваат добро – истакна доктор Илчо Атанасовски, специјалист по гинекологија и акушерство во кочанската болница.

Според податоците од Општата болница, во 2022 година во Кочани се родиле 20 новороденчиња повеќе од претходната.

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, денеска ги посети мајката и новороденчето и им врачи традиционални подароци. Им посака добро здравје и многу среќа, а упати благодарност и до персоналот што го изврши породувањето. 

Извор: МИА



912

X