Кинеските научници неодамна го објавија создавањето на првото дете во светот со вештачка интелигенција. Откриено на изложбата „Граници на општа вештачка интелигенција“ во Пекинг, кон крајот на јануари, Тонг Тонг, или малото девојче, е виртуелен ентитет со вештачка интелигенција, со способности слични на оние на дете од три до четири години.

Тонг Тонг може сама да учи, да си задава задачи, да ги толкува човечките намери и да прикажува емоции како што се радост, лутина и тага.

„Тонг Тонг поседува ум и се труди да го разбере разумот на луѓето. Го разликува доброто од злото, ги искажува своите ставови во различни ситуации и има моќ да ја обликува иднината“, се вели во видеото кое ја претставува на јавноста.

Тонг Тонг е идеја развиена од Пекиншкиот институт за општа вештачка интелигенција (BIGAI), предводен од познатиот компјутерски научник, применет математичар и научник за когнитивна вештачка интелигенција – Жу Сонгчун. Посетителите на изложбата, наводно, го гледале девојчето како мести рамка за слика, го чисти истуреното млеко и извршува други задачи.

„Тонг-тестот има цел да го обезбеди фактот дека вештачката интелигенција може беспрекорно да се интегрира во човечкото опкружување. Овој иновативен пристап означува нов правец во тестирањето на вештачката интелигенција, нагласувајќи ги практичните способности и вредности за развој на вештачка интелигенција од корист на општеството“, објасниле научниците.

Се очекува Тонг Тонг да коегзистира со луѓето во иднина.

Извор



912

X