Откако се појави дете со Ковид-19 во градинка во Центар, целата група од јасли кои биле заедно со детето во градинка, како и воспитувачката и негувателката се ставени во самоизолација, појаснува министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа појасни дека детето било во градинка само еден час, првиот ден кога се отворија градинките, за да се адаптира, а следните денови родителите не го носеле. Кога ги прашале зошто детето не посетува градинка, рекле дека вади запчиња. Вчера во 16 часот, градинката била известена дека детето има Ковид-19, по што институциите ги презеле сите мерки за заштита од зараза, при што било наложено децата и воспитувачите да бидат во самоизолација.
Детето е старо 15 месеци. Одело во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје.

Шахпаска вели дека градинките имаат простор за примање деца, а приоритет имаат децата на самохрани родители и оние чии родители мора да одат двајцата на работа. Има место за уште 4.500 деца.

Шахпаска укажува дека дел од родителите на деца кои можат да одат во градинка не ги носат децата, а тие продолжуваат да не одат на работа.

Таа смета дека жените кои досега беа на продолжено породилно боледување се здрави жени и не спаѓаат во групата ризични.



912

X