За усогласување со европските директиви, во Хрватска се работи на нов Закон за работни односи. Со законот се регулира работата од посебно место на функционирање, односно работа од дома и работа од далечина.

Новиот Закон носи одлична вест за родителите, а тоа е дека по неговото стапување во сила, мајките ќе можат да бараат работа од дома во текот на целата бременост, а мајките и татковците до осмата година од животот на детето. Исто барање ќе можат да поднесат и оние што згрижуваат болен член од потесното семејство или член на домаќинството, чие законско времетраење не е одредено.

Работодавецот е должен да го разгледа барањето на работникот, а може да го одбие само од оправдана причина, која мора да биде писмено образложена во рок од 30 дена од приемот на предлогот. Од друга страна, работникот мора да ги почитува безбедносните и здравствените мерки во согласност со посебните закони и прописи, пренесуваат хрватските медиуми.

Оправданите причини поради кои работодавецот може да го одбие барањето на работникот за таква работа на прво место се организациските причини од страна на работодавецот, односно потребите на работната организација, кои зависат од случај до случај, соопштило хрватското Министерство за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика.

Извор



912

X