Образование

Во градинка лани оделе 37.615 деца

Лани во градинки или центри за ран детски развој оделе 6,6 отсто повеќе деца споредено со 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС во 2018 година (состојба на 30 септември), вкупниот број на деца во установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки/центри за ран детски развој изнесува 37.615.

Фото: КолектифПрес

– Со годишните извештаи во 2018 година се опфатени 103 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 4% повеќе во споредба со 2017 година. Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата, во согласност со нивните развојни потреби, на возраст до 6 години, во повеќе групи – стои во соопштението на ДЗС.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top