„Ластен Утисет“ почна со печатење на неделно издание од 24 страници кои содржат вести и активности за деца на возраст од основно училиште.

Во Финска почнува да се печати нов неделен весник, прв специјално наменет за деца.

„Ластен Утисет“ е производство на „Хелсингин Саномат“ и е продолжение на нивниот популарен бренд за новости за деца, кој има обезбедено неделно онлајн-издание во последните четири години и кое се има префрлено на дневни ажурирања за деца, во текот на најлошиот период на кризата со коронавирусот, минатата пролет.

– Ние известуваме за сè што се случува во светот, во спортот, културата, странските вести, вестите од Финска. Ние само сакавме да го додадеме весникот и да се вратиме таму каде што Хелсингин Саномат започна пред повеќе од 130 години, но сега направен и за деца – објаснува новинарката Фени Фроман. Таа се соочила со дигиталните билтени на „Ластен Утисет“ од периодот на нивното основање и видела како неговата популарност расте. Сега, за потребите за производство на весникот ѝ се придружиле уште двајца новинари и еден графички дизајнер.

– Кога веќе правиме вести за деца повеќе од четири години, многу полесно е да се започне со издавање весник, затоа што знаеме што поминува кај децата, а што не. Тоа беше причината поради која сакавме да го започнеме овој проект, затоа што видовме колку добро работи информативната програма во училиштата и сакавме да видиме што друго можеме да сториме – изјави Фроман за „Њуз Нау Финланд“.

Финска заостанува зад другите нордиски земји во опсегот на новинарство достапно за деца – Шведска и Норвешка имаат успешни весници за помлада публика.

 Новинарката на „Ластен Утисет“ – Фани Фроман/ фото: HS

Под раководство на Фроман, информативната програма за онлајн-вести на „Ластен Утисет“ не бега од решавање тешки теми, претставени на начин со кој можат да се поврзат децата од основно училиште. Таа вели дека читателите можат да очекуваат повеќе содржини во весникот: мешавина од стории кои особено привлекуваат помлада публика – на пример зошто Доналд Трамп зазема став против популарната апликација „Тик-Ток“ – како и повеќе „типични за возрасни“ стории што се репродуцираат за деца од основно училиште.

„Ластен Утисет“ се продава со претплата и се доставува до домовите, со редовни изданија на „Хелсингин Саномат“. Исто така, весникот може да се најде и во продавниците за новини, а Фроман додава декa интерес за него, освен од родителите, имало и од баби и дедовци

– Секако, децата ги гледаа нашите вести веќе четири години, а исто така и наставниците ги знаат нашите вести, па затоа мислам дека интересот е насекаде, но моментално се чини дека родителите, бабите и дедовците ги даваат парите за весникот – вели таа.

Извор



912

X