Игротека

Сменета министерката за образование во Естонија – службениот возач ги носел нејзините деца на училиште

Претседателката на Естонија, Керсти Каљулаид, минатата недела именувала нов министер за образование откако претходната дала оставка поради скандалот со користење на владиниот автомобил.

Јаак Ааб, досегашниот министер за јавна управа, ја заменил Маилис Репс, која дала отказ минатата недела.

Репс, која е самохрана мајка, неколку пати го ангажирала службениот возач на автомобилот на министерството за да ги однесе на училиште нејзините шест деца, а притоа таа не била во возилото.


– Ова беше најтешкиот период во мојата политичка кариера. Бев под силен притисок во врска со комбинирањето на улогата на министерка и мајка. Признавам дека направив грешки и се извинувам поради тоа – изјави Репс, која е разведена и мајка на шест деца.

– Сакам да им понудам на моите малолетни деца безбедна и мирна средина. Затоа, денес решив да се повлечам од функцијата министерка за образование и истражување и истовремено ќе преземам политичка одговорност за моите грешки во комбинирањето на работата и семејниот живот. Им благодарам на сите што ми изразија поддршка. Исто така, ќе се посветам на унапредување на областите на образование и истражување на естонскиот живот – вели таа.

Извор

Поврзани написи

To top