Институт за белодробни заболувања кај децата „Козле“ се подготвува да прими евентуално заболени деца со коронавирус, доколку се појави потреба од тоа, најави министерот за здравство Венко Филипче. Децата што се лекуваат во оваа установа ќе се префрлат на Клиниката за детски болести.

Фото: ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата КОЗЛЕ

Седум нови пациенти се тестирани за коронавирус и нивните резултати ќе бидат готови за неколку часа. Пациентите се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и од Охрид. Дел од нив пристигнале пред 3-4 дена од Австрија и од Швајцарија. Сите се јавиле со висока температура.
Меѓу тестираните се и две бремени жени од Дебар, соопшти министерот Филипче.  Двете трудници се во стабилна состојба и не се непосредно пред породување.
Останатите 18 заболени се во стабилна состојба, рече Филипче, а првозаболената, која веќе е излекувана, утре ќе биде пуштена на домашно лекување.



912

X