Бременоста не се нарекува „блажена состојба“ залудно. Жената доживува многу физички промени во текот на бременоста, но и по породувањето. Покрај зголемувањето на телесната тежина, на секоја трудница ѝ се зголемуваат градите, се појавуваат стрии, видот може да се влоши или да се подобри, а и косата се менува.

Повеќето трудници велат дека нивната коса никогаш не била толку густа и сјајна како во бременоста. По породувањето, повеќето трудници сакаат да ја вратат старата телесна тежина, но има еден дел од телото кој никогаш нема да се врати во првобитната состојба.

Тоа се стапалата, кои можат да се зголемат за цел број во текот на бременоста. Како што покажуваат истражувањата, ова е трајна промена. Истражувачите ги тестирале промените на стапалата на голем број трудници во текот на нивната бременост, по породувањето, па дури и една година по породувањето. Лекарите веруваат дека за време на бременоста лакот на стапалото се израмнува, веројатно поради дополнителната тежина и зголеменото количество воздух во зглобовите поврзано со бременоста.

Во една нова студија, чии резултати биле објавени во американското списание за физичка медицина и рехабилитација, експертите заклучуваат дека растот на стапалото веројатно е трајна промена.

„Многу жени велат дека нивните стапала стануваат поголеми за време на бременоста, но не најдов ништо за тоа во стручни списанија и книги“, вели Нил Сегал, професор по ортопедија и рехабилитација на Универзитетот во Ајова.

„Со цел научно да го проучуваме овој феномен, ги измеривме стапалата на жените на почетокот на бременоста и пет месеци по породувањето. Откривме дека бременоста навистина води до трајни промени на стапалата“, рекол тој.

Во студијата учествувале 49 трудници кои правеле статички и динамички мерења, а 60-70% од жените во студијата имале подолги стапала за речиси 1 см, а стапалата, исто така, биле пошироки и имале долен лак. Интересно е што најголемите промени во телото на жената се случуваат во првата бременост, додека во втората, третата и сите наредни бремености нема толку големи промени како што е растот на стапалата.

Автор: Ема Јуриќ

Извор



912

X