Откако Дара Филдс, едукатор на бабици и сестри од Берлин, на „Твитер“ објави дека во Берлин постои итна служба за бебиња што плачат, не е тешко да се види зошто многумина се љубоморни на жителите на германската престолнина.

– Во Берлин постои амбуланта за бебиња што плачат. Ако вашето бебе плаче премногу, а вие сте исцрпени, тие доаѓаат кај вас, ја проверуваат вашата емоционална состојба и ви даваат совети – пишува Дара Филдс на нејзиниот твитер-профил. Нејзината објава собра над 12.000 лајкови.

Освен во Германија, услугата „Шрајбејби амбуланза“ што во превод значи Амбуланта за бебиња што плачат, е достапна и во Австрија, Швајцарија и во Луксембург. Целта е на новите мајки да им се понуди поддршка во моментите на очај, страв и исцрпеност што често ги чувствуваат додека го балансираат сопственото физичко закрепнување со новороденче што плаче.

Кога ќе пристигне итната помош, на родителите им се нуди да се дистанцираат, како и да научат нови и иновативни начини да се грижат за потребите на бебето.

Оваа услуга може да ја користат родители на деца до 3 години. Помош нудат и социјалните работници, наставниците и психолозите, кои даваат совети за спиење, исхрана и однесување и сето она што може да ги зголеми стресот и исцрпеноста кај родителите на малите деца.

Според Американската психолошка асоцијација (АПА), една од седум жени доживува постпородилна депресија, а студијата од јули 2022 година објавена во „Журнал за психијатриски истражувања“ покажува дека стапките значително се зголемиле од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Студијата од 2019 година објавена во списанието „Академик педијатрикс“ покажа дека жените што имаат немирни и плачливи бебиња имаат двојно поголема веројатност да појават умерени до тешки депресивни симптоми.

Извор



912

X