Во американската сојузна држава Тенеси се родени близнаци од ембриони замрзнати пред повеќе од 30 години.

Се верува дека ова е нов рекорд за најдолго замрзнати ембриони досега кои резултирале со успешно живо раѓање. Ембрионите биле складирани на околу – 128 Целзиусови степени во течен азот на 22 април 1992 година.

Рејчел Риџвеј, мајка на четири деца од Орегон, ги родила близнаците на 31 октомври. Таткото, Филип Риџвеј, рече дека тоа е прилично неверојатно.

Лидија Ен и Тимоти Роналд Риџвеј најверојатно поставија нов рекорд, според Националниот центар за донирање ембриони (NEDC), приватна организација која вели дека помогнала да се родат повеќе од 1.200 бебиња од донирани ембриони.

Претходната рекордерка на NEDC, Моли Гибсон, е родена во 2020 година од ембрион кој бил замрзнат речиси 27 години.

– Ова треба да ги увери пациентите кои се прашуваат дали некој би ги искористил ембрионите што тие ги создале пред 5, 10, 20 години. Овој одговор е убедливо да! – вели д-р Џон Дејвид Гордон, кој го изврши трансферот на ембриони.

Ембрионите близнаци биле создадени за анонимна брачна двојка користејќи ин витро. Мажот имал 50-ина години, додека јајце-клетките доаѓале од 34-годишен донатор. Тие биле чувани во складиште во лабораторија за плодност на западниот брег на САД до 2007 година, кога парот ги донирал на NEDC во Ноксвил, Тенеси за друг пар да ги користи наместо нив.

Ембриолозите од партнерската клиника на NEDC, „Саитвестерн фертилити“, потоа го извршиле одмрзнувањето и трансферот во матката на почетокот на оваа година.

Во соопштението, NEDC рече дека се надева дека веста ќе ги „охрабри другите да ги искусат благословите од усвојувањето на ембрионот“.

Извор



912

X