Речиси сите компании за играчки забележале раст на продажбата во текот на овие девет месеци, откако владее кризата со коронавирусот во поголемиот дел од светот.

На ова директно влијаеше карантинот, односно потребата родителите да обезбедат забава за своите деца, особено додека работат од дома, а од друга страна, трендот продолжува со доаѓањето на празниците.

Купувањето подароци во голема мера се зголеми бидејќи зачекоривме длабоко во декември. Мајките и татковците треба да ги направат своите деца уште посреќни оваа година, бидејќи речиси цела 2020 година беше исклучително стресна, а овој стрес го чувствуваа и малите деца. Што се однесува до возрасните, за нив има и „нова нормалност“: можеби не знаат зошто, но знаат дека мора да носат маски во некои ситуации, работата во училиштата низ светот се промени, забавата исто така доби поинаква рамка.

Компанијата за играчки „Мател“ објави дека имала еден од најдобрите квартали во последните 10 години, а компанијата „Хасбро“ на крајот на октомври ги сподели со јавноста резултатите за квартални приходи и профит што ги надмина очекувањата на аналитичарите.

Родителите масовно купуваа играчки со цел да ги анимираат своите деца, а оваа празнична сезона е особено впечатлива за сите производители. Познатата компанија за коцки „Лего“ забележа и пораст на продажбата, особено на големите комплети со мали делови, бидејќи родителите повеќе време играа заедно со своите деца со цел да го пополнат своето време во изолација.

Извршниот директор на групата „Тој асосиејшн“, Стив Пасиерб, вели дека растот на продажбата беше очигледен веднаш штом милиони вработени почнале да работат од дома. Тој додава дека најмногу се продавале сложувалки, комплети за градење и друштвени игри.

Овој тренд трае околу девет месеци и продолжува, особено имајќи предвид дека многу компании нема да организираат настани за децата на вработените, ниту дружба со Дедо Мраз. Затоа родителите сакаат да им обезбедат на своите деца богато искуство во топлината на нивниот дом. Некои велат дека не сакаат да ги разгалуваат децата со подароци, но дека оваа година ќе направат исклучок.

Извор



912

X