Од зачнувањето на вашето дете поминале 18 недели. Вашето бебе брзо расте и сега е големо приближно колку сладок компир – од задникот до врвот на главата е долго околу 15 сантиметри и тешко околу 200 грама.

Ушите на бебето се на своето место и тоа веќе може да ги чуе секојдневните звуци, како чукањето на вашето срце, движењето на цревата, но и вашиот глас. Ако веќе не сте го направиле тоа, вие и вашиот партнер сега можете да почнете да разговарате со вашето бебе, да му пеете и свирите, но и да му пуштате музика. Имајте на ум дека наглите и гласни звуци може да ги вознемират бебињата, па би можеле да ги почувствуваат и на нив да реагираат со нагли движења.

 

Првите удари од бебето

Ова би можеле да бидат деновите кога првпат ќе почувствувате дека вашето бебе се мрда. Досега можеби сте забележале некакви нежни промени во стомакот за кои не сте биле сигурни дали настануваат поради движењето на вашето бебе или поради вашите црева, но сега би можеле да ги почувствувате и неговите слаби удари.

Телото на вашето дете е доволно развиено за да може да се врти и движи на различни начини, за што секогаш има доволно место во вашиот стомак. Како што ќе расте, ќе има помалку место. Вашето бебе сега веќе може да има и омилена положба за спиење, како и ритмични шеми на спиење и будење, слично како и новороденче, па наскоро ќе можете да разликувате кога бебето е активно, а кога се одмора.

Имајте на ум дека околу 80 отсто од бремените жени имаат проблеми со забното месо, односно со крвавење. Поради тоа, редовно одете на забар и посебно внимание посветете на хигиената на забите. Исто така, во второто тримесечје притисокот би можел да биде понизок од вообичаено. Тоа ќе го забележите ако нагло станете од лежечка или седечка положба, па може да ви се заврти во главата.



912

X