Во голем број домови денес во дворовите има базен, особено детски. Мал или голем, каков и да е, најважно е децата постојано да бидат под надзор.

Иако детските базени се голема забава за децата, може да се случат немили настани доколку родителите не се внимателни.

Еве како децата да бидат безбедни:

Бидете присутни

Без оглед дали имате бебе во мало базенче или поголемо детенце, никогаш не оставајте го само. Доколку е поголемо друштвото во дворот, не дозволувајте вревата да ви пречи. Најдобро би било да се договорите на смена некој да ги чува децата.

Покријте го базенот

Доколку со капењето е готово за тој ден или попладне, исушете ги вашите деца и објаснете им дека со капењето во базенот е готово, па прекријте го и обезбедете го за никој да не падне во него. Исто така, отстранете ги сите остри агли околу базенот.

Разговарајте со децата за опасностите

Можеби е страшна темата и на прв поглед ќе помислите дека е морничава за разговор, но мора да разговарате со децата за опасностите од давење.

Оставете го телефонот

Кога децата се капат во базенот, не гледајте во телефонот. Може да си помислите „ајде да одговорам уште на оваа порака“, но не. Оставете го телефонот настрана.

Научете ги децата да пливаат

Однесете ги децата на базен, море или езеро и научете ги да пливаат или изнајмете професионален наставник по пливање. Кога детето ќе научи да се држи во водата, што е поважно од знаењето да плива, во голема мера ќе биде побезбедно во вода. Исто така, децата не се 100 отсто безбедни со мускули за пливање и гуми за пливање.



912

X