Д-р Владета Јеротиќ нѐ научи многу за воспитувањето, љубовта и животот. Во една пригода зборуваше и за зависта и како таа настанува.

– Треба да се фалат само децата, евентуално адолесцентите. Фалењето на возрасните само ги зголемува гордоста и зависта. Прашав еден од нашите владици што е полошо – гордост или завист? Ми рече дека зависта е полоша бидејќи гордоста може да се коригира во текот на животот, но зависта е тешка. Ова е така најверојатно затоа што и двете започнуваат во раното детство.

Научив нешто важно во Англија. Кога детето нешто не прави како што треба, мајката и таткото повторно мирно му покажуваат. Ако на детето повторно не му оди – мислите дека го креваат гласот? Не, повторно мирно му објаснуваат. Зошто да не го правиме истото, наместо тоа: „Еве, третпат ти објаснувам, а ти не разбираш!“ Што ќе биде со тебе?”

Зависта е сосема природна и нормална работа. А контролирањето на зависта е најтешко кога има две деца. Кога се три или четири, тоа е помал проблем. Кога се две, тогаш има поголема борба за љубовта на таткото или мајката и поголем страв дека другото е повеќе сакано.

Извор



912

X