Образование

Владата нуди 10 отсто покачување за наставниците од април 2020. Се чека на СОНК

Дополнителни десет отсто покачување на платата ветува Владата за наставниците. Овој предлог падна на денешната средба помеѓу министерот за образование и наука Арбер Адеми и претседателот на СОНК, Јаким Неделков. На средбата присуствувал и премиерот Зоран Заев. Предлогот е оваа плата да се добие почнувајќи со априлската плата наредната година во основните и во средните училишта во земјава.

На почетокот на преговорите наставниците бараа 25 отсто, но дали ќе се согласат со вкупно 15 отсто, сосе покачувањето од по 5 отсто што го добија со септемвриската плата, ќе се знае наредните денови.

Неделков вели дека како синдикалец не е задоволен.
– Се разбира дека секогаш може и повеќе. Утре ќе имаме состанок на советот на СОНК, на кој ќе бидат пренесени сите предлози и заклучоци. Следна фаза е да се изјаснат регионалните синдикати и да донесеме конечна одлука – вели Јакимов.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top