Димитар Чучанов

Димитар Чучанов

Општа Болница со проширена дејност - Гевгелија

Повеќе од авторот

Сите родители се свесни дека додека приготвуваат нешто вкусно во своите кујни, нивните мали палавковци сакаат да се вклучат во тоа. Тие бараат да најдат сигурен и забавен начин да ги вклучат своите деца, па еве листа со неколку начини

Игра во нивна моќ

Охрабрете ги вашите деца да бидат независни во кујната (дури и кога поради нивната природна состојба може да ја „бомбардираат“) давајќи им работни задачи кои ќе можат сами да ги извршат.
Малите деца се одлични во работи како згмечување компири за прекрасно пире, одделување зеленчук на парчиња за прекрасна салата или овошје за вкусно смути.
Потоа пофалете ги за одлично завршената работа и можеби ќе вкусат од брокулата на самиот ручек.

Направете мини-верзија

Прифатете ја нивната индивидуалност со подготвување мини-порции. На пример, подгответе смеса за ќофте и дајте им на децата да направат мини-верзија од ќофтињата. Може да приготвите разни вкусни јадења во мини-верзии во кои на вашите деца ќе им дозволите да стават сè по нивна желба. Тие ќе бидат пресреќни од нивните мини-изуми и ќе им се пофалат на сите.

Дозволете им на вашите деца да се наводенат

Секое дете сака да си игра со вода и во вода. Така, кога вашите мали палавковци ќе сакаат да бидат со вас во кујна, дајте им да го измијат зеленчукот или некоја пластична чинија… сè додека вам не ви пречи вашите деца да се радуваат на прекрасните балончиња од пена.

Децата сакаат да помагаат во кујната, но тоа не значи дека не можат и да одмогнат, ама и тоа е во ред. Ќе биде извалкано. Ќе има брашно насекаде, а можеби и понекоја скршена чинија – но наградата ќе биде голема. Кујната повторно ќе се исчисти, а вие ќе приготвите вкусни и слатки моменти со вашите деца.



912

X