Купувајте зеленчук додека е свеж и зрел, во моментот кога пристигнал во супермаркетот или купувајте од пазар директно од самиот произведувач. Сепак, запомнете дека и замрзнатиот зеленчук има висока концентрација на корисни материи

Повеќето од нас одиме во делот со зеленчук во супермаркетите со идеја што сакаме да купиме. Понекогаш носиме список. Но, обидете се да си поставите едно прашање: кое овошје и зеленчук стигнаа денес?

Одговорот на ова прашање може да ви помогне да добиете премија во одделот за овошје и зеленчук. Зграбете го најхранливото и најкорисното што го има таму. Секако, подобро би било кога би отишле на некој пазар, по она што земјоделците тукушто го набрале, но ако сте во типичен супермаркет, ова прашање може да ви заштеди многу време. Ако ништо не изгледа убаво и не е навреме стигнато, упатете се на одделот со фрижидери и барајте пакување „свежо замрзнато“. Да, тоа е подобро од зеленчукот што стоел со денови и патувал 2-3 дена за да стигне до минимаркетот. Свежото овошје и зеленчук всушност не се толку свежи колку што би сакале да веруваме дека се или сме наведени да веруваме.
Ова воопшто не е неважно. Кога овошјето ќе падне од дрвото, веднаш почнува да се распаѓа. Природата тоа така го направила за хранливите материи од овошјето да се вратат во почвата и оттаму да го нахранат дрвото и да го помогнат развојот на уште една генерација сочно хранливо овошје. Истото важи и за зеленчукот. Штом е набрано или откорнато, неговите хемиски состојки почнуваат да се менуваат. Овошјето и зеленчукот имаат гени за распаѓање кои се активираат веднаш штом ќе бидат набрани. До моментот кога ќе стигнат во вашиот супермаркет, не содржат  хранливи материи како на почетокот. Ако се набрани пред да созреат, а тоа често се прави за да го поднесат долгиот транспорт, ќе имаат помалку време за да ја развијат целата лепеза на витамини и минерали. Можеби се гледаат надворешните знаци на зреење, но таквите зеленчук и овошје никогаш нема да ја имаат истата хранлива вредност како кога би биле оставени да созреат на стеблото. Освен тоа, во текот на долгото патување од нивата до чинијата, тие се изложени на топлина и светлина, што исто така предизвикува губење на одредени хранливи материи, а особено на витаминот Ц и на тијаминот.
Тоа што на крај го ставаме в уста е осиромашен производ кој, всушност, содржи и некои материи од распаѓањето што би требало да ги избегнуваме. Дејството на ензимите што учествуваат во распаѓањето може да се забави со ниска температура, па оттука произлегува препораката дека е побезбедно да се купуваат замрзнати производи.

Кога нема баш свежо – замрзнато

Овошјето и зеленчукот што се одбрани за замрзнување вообичаено се обработуваат во моментот на најголема зрелост, кога, по правило, имаат и најмногу хранливи материи. При постапката се користи техника која ги задржува хранливоста и свежината. Иако првиот чекор при замрзнување на зеленчукот – бланширање во врела вода или со пареа за да се уништат бактериите и да се спречи дејството на ензимите што предизвикуваат распаѓање – доведува до тоа некои хранливи материи што се растворливи во вода, на пр. витамин Ц и витамини од групата Б, да почнат да се разложуваат или да испаруваат, ако потоа брзо се замрзне, зеленчукот сè уште ќе биде богат со хранливи материи.

Изберете што е можно повеќе производи со различна боја бидејќи природата ги одделува хранливите материи по боја; хранливите материи што на морковите им ја даваат портокаловата боја се поинакви, но се еднакво важни за здравјето како и оние од кои спанаќот ја добива зелената боја. За да искористите што е можно повеќе хранливи материи, подобро е да јадете една жолта и една црвена пиперка отколку две што имаат иста боја. Изедете ги овошјето и зеленчукот набрзо по купувањето, дури и она што е замрзнато. Ако стои замрзнато повеќе месеци, хранливите состојки почнуваат да се губат. Подобро е да готвите на пареа отколку во зовриена вода бидејќи на тој начин се губат помалку витамини.

Како што многумина од вас знаат, еве уште дена важна намирница – природен извор на витаминот Д – рибата. Еве неколку општи насоки како да најдете најдобра морска храна. Ако живеете на 150 км од море или од некој друг извор на свежа риба, на пример, езеро, секако одбирајте свежа риба секогаш кога е можно, локална, кога ѝ е сезона. Ако живеете далеку, подобро земете замрзната риба. Современите техники за замрзнување овозможуваат многу риби што се наоѓаат во делот за замрзната храна да бидат поздрави од оние во одделот за свежа риба. Зошто? Затоа што рибите се замрзнуваат на бродот по неколку минути откако ќе бидат уловени, во машини за моментално замрзнување и во нив температурата е многу пониска отколку во домашниот замрзнувач.

 



912

X