Четири девојчиња што во септември 2016 година заболеа од рак и успеаја да ја победат оваа подмолна болест станаа вистински мали „сарвајверки“.
Во бели маички со златни принтови, овие девојчиња изгледаат исто како секој безгрижен четиригодишник, но зад нив е страшна борба од која излегоа како победнички.
Ако на маичките не пишуваше „SURVIVOR“, не ќе можевме да претпоставиме дека Мекинли, Клои, Ава и Лорен доживеале и поразиле нешто со што се соочиле многу мал број нивни врсници: рак на детска возраст.

Фото: Фејсбук https://www.facebook.com/AllChildrensHospital/photos/a.165115524843/10156599697829844/?type=3&theater

На Клои ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови, кој е неверојатно редок случај на детска возраст. Другите девојчиња имале акутна лимфобластична леукемија, најчест облик на рак на таа возраст, кој е многу тежок за лекување бидејќи го напаѓа имунолошкиот систем.

Четирите девојчиња случајно се сретнале во болницата „Џонс Хопкинс ол чилдрен“ во Флорида, во септември 2016 година, кога лекарите им дале розови здолништа за да ги расположат во текот на лекувањето. Тие седеле една до друга кога еден од лекарите ги фотографирал.
Една година подоцна, во септември 2017 година, тие се вратиле да ја прослават ремисијата на болеста и да ја обноват фотографијата.
Според зборовите на лекарите од болницата, девојчињата процветале како да им се враќа силата. Ава е голем обожавател на „Дизни“ и е вистинска мала уметница. Клои сака бејзбол и риболов. Мекинли сака принцези, накит и танцување. Лорен обожава животни и сака да ги прегрнува сите.
Во интервјуто за „Дејли мејл“, мајката на Ава, Алиса Лучиано, изјавила дека она што го поминале ѝ изгледа „нереално“.

– Кога вашето дете има рак, тешко е да се замисли „нормален“ живот. Тоа е уште понагласено кога им се случува на нејзините слатки пријателки со кои беше многу блиска во текот на тешката болест. Повеќето луѓе сонуваат за денови како првиот училиштен ден или свадбата на нивното дете. Ова е денот што ние го сонувавме.



912

X