Вистинска агонија за секој родител е кога ќе забележи дека неговото дете има другари што ги искористуваат. Објаснете му како да ги препознае токсичните луѓе и како да ги отстрани од своето опкружување.
Со некои луѓе се дружиме од детството и често им ги „простуваме“ непријатните однесувања од навика и поради фактот што ги нарекуваме свои најблиски пријатели. Дали знаете да ја препознаете разликата меѓу вистинските пријатели и токсичните луѓе?
1.Вистинските пријатели: Те бараат на телефон, ти се јавуваат и преку социјалните мрежи и ти пишуваат пораки дека им недостигаш.
Токсичните пријатели: Контактираат со тебе само кога нешто им треба.
2. Вистинските пријатели: Разбираат дека понекогаш ти треба време само за себе.
Токсичните пријатели: Го присвојуваат твоето време без оглед на твоите чувства и потреби.
3. Вистинските пријатели: Имаат одлични идеи како да го претстават твојот успех.
Токсичните пријатели: Љубоморни се на твојот успех и ги саботираат плановите за славење.
4. Вистинските пријатели: Го почитуваат фактот дека имаш и други пријатели и пристојно се однесуваат кон нив.
Токсичните пријатели: Не ги сакаат луѓето со кои се дружиш и често имаат приговори за нив.
5. Вистинските пријатели: Те сакаат таков каков што си.
Токсичните пријатели: Сакаат да те сменат.
6. Вистинските пријатели: Ќе ти ја кажат вистината в лице.
Токсичните пријатели: Ќе те лажат и ќе те озборуваат зад грб.
7. Вистинските пријатели: Сочувствуваат со тебе.
Токсичните пријатели: Често те повредуваат со своите зборови и постапки, а не се свесни за тоа.
8. Вистинските пријатели: Толерантни се и уживаат во дискусијата дури и кога имате различни ставови за одредена тема.
Токсичните пријатели: Сакаат да го сменат твоето мислење за да биде идентично со нивното.
9. Вистинските пријатели: Те слушаат кога зборуваш и ти поставуваат потпрашања со желба подобро да ја сфатат ситуацијата.
Токсичните пријатели: Се преправаат дека те слушаат додека со една рака пишуваат пораки на мобилниот.
10. Вистинските пријатели: До тебе се и кога ќе имаш тешки периоди.
Токсичните пријатели: Се прават дека не те познаваат кога имаш проблеми.