Од 1 јуни до 1 јули 2022 година во Тузла се родени 234 бебиња. Само во периодот од 14 до 17 јуни во Универзитетскиот клинички центар во Тузла се родиле 40 бебиња, а минатиот месец имало и породувања во приватното породилиште во овој град.

Со оглед на зголемениот број отселени млади од цела Босна и Херцеговина, вклучително и Тузла и Тузланскиот кантон, податоците за бројот на новородени бебиња во изминатиот месец даваат надеж за подобрување на наталитетот.

Владата во Тузла се надева дека наталитетот ќе се подобри, а сето тоа е поткрепено со иницијативата за породилните надоместоци, која официјално беше спроведена како дел од актуелната влада.

Со одлука на кантоналната влада, сите жени што ќе се породат на подрачјето на кантонот ќе добијат едногодишен надоместок во износ од околу 500 евра.

Извор



912

X