Игротека

Вистината во 13 цитати на рускиот педијатар Комаровски

Некогаш, поради желбата да бидеме непогрешливи, толку ќе си го искомплицираме животот, што повеќе не можеме да ги видиме ни оние наједноставните работи што буквално живот значат. Некои од таквите едноставни вистини по прашањето за одгледувањето на децата и воопшто среќата на семејството пронајдовме во зборовите на рускиот педијатар Евгениј Олегович Комаровски.

Тој мудар доктор (инаку и ТВ-водител, е автор на 15 книги за нега на детето), е уважен поради неговите многу приземни пристапи во одгледувањето на децата, поради што го читаат се повеќе родители и надвор од границите на поранешниот Советски Сојуз.

Некои од овие цитати сигурно ќе ве вџашат со својата едноставност:

1. Среќно дете е првенствено здраво дете, а не она што веќе научило да чита и да свири на виолина.
2. 100 отсто од возрасните знаат како се прават деца, но 99,9 отсто од нив не знаат како се создаваат луѓе.
3. Најголемата задача на татковците е да ја одржуваат благосостојбата на мајката која се грижи за детето. Таткото е тој што ќе ја поддржува мајката и попатно ќе се грижи з а проблемите со роднините и соседите.
4. Среќно дете е она што има и мајка и татко, а кои имаат доволно време да го сакаа своето дете како што се сакаат меѓусебно.
5. Детето никому ништо не му должи!

За здравјето на децата:
6. Кога ќе ми дојдат родители со болешливо дете, најчесто ги советувам да набават куче зашто тоа можеби ќе биде добра причина барем 2 пати дневно да го поведат и своето дете во прошетка.
7. Ни големиот број, ни добриот глас на педијатарот честопати нема да го решат здравствениот проблем на детето првенствено затоа што здравјето на секое дете најмногу зависи од мајките и татковците.
8. Ако детето цела година е болешливо, ако не трчало и не играло надвор, одењето во село, шума или покрај поток може да има поголем ефект врз здравјето од она летување во хотел со 5 ѕвезди и аниматор за деца.
9. Сигурен сум дека повеќето деца се раѓаат здрави, но тоа здравје често им го нарушуваат родителите и медицинските работници.
10. Детето всушност и треба да биде такво какво што е – слабо и активно!

За биологијата и семејните моменти:
11. бебето што ќе се роди е исто биолошко суштество како и волкот, мачката, свињата… затоа основната задача во првата етапа на живото на бебето е да се држите до биологијата, а дури подоцна до друштвената социологија.
12. На детето му е најпотребна среќата и здравјето на целото семејство! Затоа семејството не би требало да се однесува во согласност со интересите на детето, туку во согласност со интересите на сите членови на семејството заедно. Чоколадото не е само за детето, туку за сите во семејството!
13. Детето не смее да биде центар на светот. Ние како семејство мораме да бидеме центар на нашиот свет!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top