Ако сте дел од генерацијата зумери или милениумци, сметајте го ова како совет: внимавајте на вашиот крвен притисок.

Мајките што се бремени првпат во таа возрасна група би можеле да бидат посклони кон прееклампсија и висок крвен притисок во бременоста, иако истражувачите не се сигурни зошто.

Ова е резултат на истражувањето во „ЈАМА нетворк опен“. Истражувањето открило дека хипертензивните нарушувања се удвоиле кај жените што имале дете помеѓу 2015 и 2019 година ако биле родени помеѓу 1996 и 2004 година, во споредба со жените родени помеѓу 1951 и 1959 година кои родиле помеѓу 1995 и 1999 година. Сега се проценува дека 8 отсто од бремените жени ќе имаат висок крвен притисок за време на нивната бременост.

– Бевме изненадени што и покрај напредокот на медицинската технологија, овие две генерации имаат двапати поголема веројатност да развијат висок крвен притисок за време на нивната прва бременост отколку што имале бејби-бумерите – вели д-р Натали А. Камерон.

Истражувањето опфатило речиси 4 милиони жени чија бременост била прва и се породиле помеѓу 1995 и 2019 година. Жените што родиле помеѓу 2015 и 2019 година имале 59 отсто поголем ризик да имаат хипертензивно нарушување во текот на бременоста.

Грижа за крвниот притисок во бременоста

Д-р Камерон вели дека спречувањето на високиот крвен притисок во бременоста започнува со оптимизирање на здравјето на срцето пред бременоста. Ова значи дека треба да јадете здрава храна со малку сол, да бидете активни и да одржувате нормална телесна тежина.

Посетете го вашиот лекар пред бременоста за да го проверите и контролирате високиот крвен притисок. Откако ќе забремените, разговарајте со вашиот лекар за ризик-факторите за висок крвен притисок, како што се клиничка дебелина или дијабетес.

Извор



912

X