Многу родители многу пати биле сведоци на расправија меѓу нивните деца, па едното вели: „Не сака да ми се тргне од пред очи“.

Тоа го наметнува прашањето како децата да наметнат граници и зборови што ќе укажуваат на сопствените граници.

– Учам да поставувам здрави граници – се вели во видеото на кое се наоѓа песна создадена од едукаторката Џоана Пејс и текстописецот Мет Пејс.

3,7 милиони прегледи на песната покажуваат колку им била потребна оваа лекција на родителите, која ќе им помогне на нивните деца да постават граници. Видеото прикажува повеќе сценарија со кои децата можат да се соочат и ги учи да сфатат дека границите се преминуваат и тие можат да направат нешто околу тоа. Тие вклучуваат:

  • Ако некој ги гушка или бакнува кога не сакаат;
  • Ако се во присуство на некој што прави или кажува нешто што кај нив ќе предизвика да се чувствуваат повредено или небезбедно.
  • Задевање, скокоткање, стоење премногу блиску, поздравување;
  • Твоите чувства се важни без разлика на твојата големина – се вели во видеото кое советува децата да се обидат да користат фрази за да ги изразат своите граници.
  • Те молам застани;
  • Не ми се допаѓа тоа;
  • Се чувствувам непријатно;
  • Ми треба повеќе простор.

Исто така, видеото ги потсетува децата дека треба да прашаат пред да им направат нешто на другите или да помогнат кога ќе видат дека на некој друг му е непријатно.

Извор



912

X