Мало момче привлекло речиси исто толку внимание како играчите на неодамнешниот професионален хокеј-натпревар во Мичиген, САД.

Толпата исвиркувала секојпат кога видеобимот ги покажувал противничките фанови од Ванкувер и навивала секојпат кога Џорџ се појавувал.

„Тој не знаеше дека се работи за него. Тој само постојано велеше: Црвениот тим победува“, рекла неговата мајка Челзи Милер.

4-годишното момче конечно се насмеало, а видеото станало вирално. Луѓето дури почнале да го нарекуваат „Крал Џорџ“ на интернет. Милер го опишува нејзиниот син како срамежлив, среде целиот тој виор на внимание.

„Веројатно имаше најмалку 100 луѓе кои побараа да се фотографираат со него и дури му велеа: Може ли да добијам автограм?“, објаснила таа.

Мајката на Џорџ рекла дека се надевале дека неговиот знак „Тоа е мојот прв натпревар“ ќе го прикаже пред камера, но тие не ја очекуваа ваквата реакција.

„Тие го направија тоа толку посебно за нас“, рече Милер.

Автор: Џин Мос

Извор



912

X