Секоја мајка многу добро знае колку ѝ се менува животот кога ќе дојде на свет нејзиното бебе – одеднаш се соочуваме со многу различни обврски, голема одговорност, немање приватност, балансирање помеѓу семејството и работниот живот… Сите овие работи можат да бидат многу оптоварувачки.

За да ве потсети токму на тоа, австралиската инфлуенсерка и мајка на две деца, Кристи Андерсон, споделила фотографија на „Инстаграм“ која ја покажува суровата реалност на мајчинството. На фотографијата можеме да ја видиме Кристи, видно исцрпена и уморна, како јаде додека го дои своето бебе.

„Жените се моќни. Иако понекогаш не е воопшто лесно, продолжете да давате живот, да одгледувате силни семејства, да ги храните вашите бебиња, да правите промени, да работите напорно, да негувате, да сакате и да растете“, напишала Кристи до фотографијата во која, веруваме, секоја мајка може да се пронајде.

Извор



912

X