Дејвид и Викторија Бекам се во брак од 1999 година и имаат четири деца: 20-годишниот Бруклин, 16-годишниот Ромео, 14-годишниот Курз и 7-годишната Харпер Севен.

Иако и двајцата се многу успешни, Дејвид во светот на фудбалот, Викторија во светот на модата, нивното најголемо достигнување, кое и самите често го истакнуваат, е родителството. На прашање за своето семејство, Викторија открила дека таа и Дејвид се строги родители.

„Ние сме строги кон децата. Мораме да бидеме такви, но истовремено им дозволуваме да се забавуваат и да бидат она што се“, рекла славната мајка, која многу работи, поради што сочувствува со другите родители во слични ситуации.

Фотоизвор: Инстаграм

„Само немојте да се чувствувате лошо поради тоа бидејќи го правите она што сметате дека е најдобро за вас и за вашите деца“, додала Викторија.

Токму затоа Бекамови го користат секој слободен момент за да бидат заедно.

„Децата секогаш сакаат да поминат што повеќе време со нас, а ние многу работиме и мислиме дека тоа е правилен начин на воспитување. Сакаме да им покажеме дека за успех е потребно напорно да се работи. Иако сме свесни дека сме популарни на целата планета, се обидуваме на децата да им овозможиме сосема обичен живот во кој тие пред сè ќе бидат деца“, рекол Дејвид во еден разговор со медиумите и нагласил дека нивните деца живеат навистина нормален живот.



912

X