Игротека

Викторија Бекам покажува како всушност изгледа празничното семејно фотографирање

Празничните фотографии се нешто најубаво што во последно време го среќаваме на социјалните мрежи. Насмеани семејства, обично под елката, убава трпеза и топла напивка во рацете.

Сепак, излегува дека е прилично тешка и исцрпна работа сите членови на семејството да се на исто место, со насмевка на лицето. Така, и Викторија Бекам се борела со своите четири деца и домашните миленичиња за сите да се соберат на едно место. Токму затоа, Викторија одлучила да го сподели видеото за на сите да им биде јасно дека фотографирањето е навистина исцрпувачка работа за родителите.

– Фотографирањето никогаш не успева со децата и миленичињата – напиша таа на својот инстаграм-профил.

Во текот на фотографирањето Бруклин, Ромео, Круз и Харпер Севн се обидуваат да се соберат околу елката.

– Сигурно не сакаш да облечеш панталони? – го прашува Викторија најстариот син, кој одлучил да позира во шорцови.

На крајот успешно направиле семејна честитка. Но, мајката не можела да одолее, а да не направи шега, па малку ги едитирала фотографиите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top