Властите низ целиот свет постојано ја шират пораката дека треба да ги миеме рацете за да се заштитиме од ширењето на новиот коронавирус.

Во Виетнам властите се насочија кон создавање музичко видео проследено со интересно танцување чии потези всушност се потези за миење раце. Видеото ги освои државата и светот особено поради потезите што ги вклучува танцувањето, а кои на децата им помагаат полесно да запомнат како правилно да ги мијат рацете.

Песната е резултат на соработката меѓу здравствените службеници од Виетнам, Тајланд и други земји од Југоисточна Азија.

Песната е наречена „Ген Ко Ву“, што во превод значи „Љубоморен коронавирус“, a jа изведуваат пејачите Мин и Ерик.

Стиховите од песната им порачуваат на децата и на возрасните темелно да си ги мијат рацете, да не го допираат лицето, да избегнуваат метежи и да го турнат коронавирусот.

Откако виетнамскиот танчар Куанг Данг направи кореографија за песната, таа стана уште попопуларна. Дури и постои туторијал за да го научите танцот, а со тоа и начинот на кој се мијат рацете.

Превод на песната:

Неодамна добивме нов вирус,
неговото име е корона

Од каде е?
Доаѓа од Вухан
Меѓу мирот наеднаш се појави

Дефинитивно треба да внимаваме,
за да го спречиме ширењето
Дефинитивно треба да бидеме одговорни
за да спречиме да експлодира

Рацете миј, миј, миј, ги,
не допирај ги очите, носот, устата
и ограничи ги посетите на места со метеж

Отстрани го вирусот корона, корона

Постојано подобрувај си го здравјето
и чисти си го личниот простор
Ајде да ја подобриме социјалната свест
отстрани го вирусот корона, корона

Иако е мал, многу е злобен
Многумина починаа поради него

Иако е тешко, нашите луѓе се обидуваат и работат напорно
за да го спречат неговото растење

Извор: BBC | Aljazeera



912

X