За жената да може да роди, цервиксот мора да се отвори околу 10 сантиметри за бебето да може да помине низ него. Ова е познато е и како полна дилатација, а во текот на првото породување за жената би биле потребни 8 до 12 часа за целосно да се прошири. Во втората или третата бременост цервиксот би се проширил за 5 часа или помалку.

За да покаже како изгледа тоа, бабицата Сара Прингл на „Тик-ток“ објави видео со кое покажува како изгледа полната дилатација. Видеото почнува со модел од тоа како изгледа цервиксот пред породување. Дупката во моделот е затворена.

Како што објаснува Сара, првата фаза на породувањето, која вклучува рани контракции, завршува кога цервиксот ќе се прошири 10 сантиметри, што на жените им овозможува да преминат во втората фаза. Таа подоцна ја открива разликата во големината од „затворен“ до тоа како би требало да изгледа цервиксот кога ќе почне да се отвора при породување.

Видеото има над 10 милиони прегледи, а на нејзиниот тик-ток-профил и инстаграм-профил можете да видите и други едукативни видеа што покриваат теми како бременост, месечен циклус и контрацепција.

@midwifemama

#baby#preg#pregnant#labor#labour#rn#laboranddelivery #laboranddeliveryrn #laboranddeliverynurse #midwife#midwifemama #YesDayChallenge #tt#springbreak

♬ Renai Circulation (English Cover) [TV Size] – Lizz Robinett

Извор



912

X