Како и сите деца, тинејџерите се развиваат најмногу додека спијат, иако недоволен број од нив спијат колку што навистина им е потребно. На „Јутјуб“ се појави видео кое ги разјаснува научните причини за тинејџерската поспаност и информациите што ги нуди може да им ги отворат очите на нивните родители. Видеото го креирала Американската академија за медицина на сонот.

Во видеото се појаснуваат и начините на кои тинејџерите може да се борат против силниот замор и како родителите може да им помогнат. Многу е комплексно да се расправа за тоа што на тинејџерите им го нарушува сонот навечер. Факторите се многубројни, а некои од нив се усогласување на училишните обврски, семејството и пријателствата во исто време. Мајките и татковците често се изненадени од долгото спиење на својот тинејџер во текот на викендот, но добро е да се надомести недостигот на сон во текот на неделата. Се проценува дека на тинејџерите помеѓу 13 и 18 години им се потребни приближно 10 часа сон дневно. Телата им се програмирани доцна да го почувствуваат заморот, но наутро спијат продолжено. Затоа будењето за на училиште им претставува толкав проблем.

Се препорачува училиштето да започнува во 8 часот и 30 минути, за на тинејџерите да им се овозможи поедноставно приспособување на организмот на утринските обврски. Некои од другите предлози кои може да се најдат во видеото се: да се осигурите во текот на денот поинтензивно да се движат, да избегнуваат кофеин по училиште и да ги ограничат дневните дремки. Исто така, важно е да воспостават рутина пред спиење која ќе подразбира оброци во исто време секој ден (ред во исхрана), а да се избегнува јадење доцна навечер, а потребно е придушување на светлото, гасење на електронските уреди, легнување навреме со цел да имаат 8 часа сон, опуштање пред да одат в кревет, а наутро да пуштаат светлина во собата и да се држат до редоследот на спиење дури и за време на викендите.

Извор



912

X