Воспитување

Видео: Жена објавила листа со работи што ја налутиле нејзината 4-годишна ќерка

Родителството не е за слабите. Ова го знае и Кирстен Кук, мајката која објавила урнебесно видео на „Инстаграм“ и воодушевила милиони родители низ светот.

Во вирално видео, Кирстен открила листа со работи кои неодамна ја налутиле нејзината 4-годишна ќерка. Урнебесната листа ја започнала со информацијата дека малечката се вознемирила поради мозолче на лицето.

„Ме праша каде сум ја родила, ѝ реков во болница. Таа се налути затоа што не е родена во Таргет (познато како популарен американски синџир на супермаркети) и што не можела веднаш да си ја набави омилената бонбона“, продолжува Кирстен.

Девојчето се налутило и што мајка ѝ не ги знаела зборовите од текстот на нејзината измислена песна, што не ѝ дозволила да влезе во жешката рерна со компирчиња и што не носела протези.

Воодушевените родители во коментарите откриле и кои други ситуации ги вознемируваат нивните малечки, а мора да се признае дека и во коментарите се наведени вистински скапоцености.

„Мојата малечка цел ден не зборуваше со мене затоа што не дозволив кучето да ја вози на пат кон градинка“, „Ќерка ми ми се налути затоа што сакаше да дремне со рибата. Од аквариумот. Во нејзиниот кревет“ – ова се само дел од урнебесните коментари на родителите под виралното видео на Кристен.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top