Не е лесно да си родител, особено затоа што на децата треба да им се пренесат вистинските животни вредности.

Една од нив е и споделувањето – во следното видео ќе видите како татко се обидува да ги научи своите ќерки (тројка, близначки) која е моќта на споделувањето.

Имено, тој сите три ги седнал на маса и пред нив поставил три чинии. Чиниите се покриени и девојчињата не можат да видат што има внатре. Кога ќе ги отстранат капаците, само кај девојчето во средината има три пакувања со слатки. Првото девојче е збунето, второто се радува, додека третото почнува да плаче. Но, сè се менува кога ќерката во средината ќе се сети и ќе ги сподели преостанатите две пакувања со своите сестри.

И насмевката повторно се враќа на нивното лице.

Извор



912

X