Игротека

Видео за едно вистинско пријателство – дете го теши своето куче кое се плаши од грмотевици

Видео кое предизвика многу емоции кај интернет-корисниците покажува како мало дете го теши своето куче додека надвор има грмотевици. Видеото трае една минута, а детето е клекнато до својот златен ретривер, кој изгледа дека е многу вознемирен поради силните звуци од грмотевиците. Двете пријателчиња се кријат во собата каде што е машината за перење облека, а детенцето се обидува да го утеши кучето нежно милувајќи го по главата и прегрнувајќи го.

Стравот од грмотевици е вообичаен кај кучињата, често предизвикува анксиозност и паника.

Слаткото видео се појавило на социјалната мрежа „Твитер“. Еден од корисниците напишал: „Ова малечко момче го теши своето пријателче додека има грмотевици – ова е најслаткото нешто што ќе го видите“. Погледнете го видеото:

 

Неколку корисници на социјални мрежи упатуваат пофалби кон детето додека другите испратиле коментари во однос на поврзаноста меѓу бебињата и кучињата. Некои дури и го нарекле детето „херој во пелени“.

Видеото се појавило и на „Редит“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top