Воспитувачка во градинка во Охајо, САД, испеала песна со нејзините ученици и за тоа добила пофалби онлајн, а нејзиното видео станало вирално.

Видеото било споделено на „Инстаграм“, а во него учителката Моник Ватерс заедно со учениците ентузијастички пее:

„Јас сум силен/а. Јас сум талентиран/а. Јас сум паметен/а. Јас сум специјален/а“.

Видеото содржи и моменти кога Ватерс бара од нејзините ученици да го бакнат својот „паметен мозок“.

Според нејзината објава, таа и учениците ги пеат овие позитивни реченици секое утро пред да го започнат денот.

– Утринскиот состанок е специјален дел од денот. Го одредува темпото на денот и е навистина одличен почеток!

фото извор: tsmoniquesworld/ Instagram

Овие афирмации се инспирирани од песната – Јас сум. Ја пееме секој ден, а на моите ученици многу им се допаѓа – вели таа.

Погледнете го видеото:

Автор: Трендс Деск

Извор



912

X