Јапонците се познати по својата прецизност, трудољубивост и дисциплина. Тоа се одразува и во образовниот систем.

Во следното видео погледнете некои карактеристики на јапонските училишта – ентериерот, чистотата, како и правилата што ги следат учениците. Меѓу нив е и правилото дека учениците мора да имаат посебни чевли кои ги носат само внатре.

Интересно е и тоа што самите ученици се ангажирани за да го чистат училиштето, самите си ги послужуваат оброците, а прозорците се отворени, односно нема системи за ладење и греење.

Косата на девојчињата треба да биде собрана во коњско опавче или крената во пунџа над ушите. Исто така, не смеат да ја бојадисуваат косата, да имаат пирсинг и шминка.

Извор



912

X