Кендал Конор заминала во регионалната болница во Овенсборо, САД, бидејќи и дошол терминот за породување со својата ќерка. Рестрикциите дозволувале само нејзиното момче и мајка ѝ да можат да влезат во породилиштето со неа.

Разочарани што не можеле да бидат со својата помала сестра, Тара Гровс и Аманда Морис ја покажале својата креативност. Тие се вклучиле на „Фејстајм“ со својата мајка, која била со Кендал и го откриле нивното изненадување. Аманда и Тара имале исти маици и знаци. Постарата сестра почнала да ги покажува и танцувачките движења.

Еверли Скор Хаувард е родена на 30 јуни, а видеото од нејзините тетки кои ѝ испраќаат забавна порака на нејзината мајка има повеќе од милион прегледи на „Тик-ток“.

Автор: Џејк Босвел

Извор



912

X