Девојче од Калифорнија успеало совршено да ја опише мешавината на чувства што многу луѓе ја доживуваат додека трчаат. Во видеото, снимено од нејзината мајка Кимберли Кларк, тригодишното девојче објаснува како се чувствува додека трча, велејќи дека тоа е „како страдање“. Имитирајќи тешко дишење, признава дека не ѝ се допаѓа чувството. Но веднаш потоа ѝ вели на мајка си да го почувствува чукањето на нејзиното срце и извикува: „Жива сум, жива сум!“

Кимберли е тренер за трчање.

-Таа беше толку драматична, но со право. Таа многу сака да трча и игра маратони по цел ден дома: го става својот стартен број, се истегнува, а потоа бара да ѝ аплаудираме и да коментираме за нејзиното трчање, исто како што прават коментаторите на телевизија – вели Кимберли.

Мајката признала дека зборот „страдање“ ја изненадил, но истовремено била воодушевена од свесноста на нејзиното дете за чувствата додека трчало.

-Таа целосно разбра што значи да се „страда“ додека трча. Но кога рече дека е „жива“, резимираше како се чувствуваме сите кога ќе завршиме со трчањето. Таа порасна опкружена со трчање и јасно е дека го разбира тоа.

Извор



912

X