Три девојчиња за својот четврти роденден одлучиле дека нема да ја делат роденденската торта. Секоја имала различна замисла, а родителите одлучиле да им ја исполнат желбата и на секоја да ѝ купат посебна торта.

Слатките тројки се воодушевиле кога ги виделе тортите на маса. Првите две посакале нешто прилично вообичаено за девојчињата. Едната сестра дувнала на свеќичките на тортата во облик на еднорог, а другата го направила истото со тортата за принцези. Камерата потоа се поместува на третата сестра, која воодушевено гледа во зелена торта во облик на краставица. Видеото е објавено на „Инстаграм“ и за само 5 дена собрало околу 9,9 милиони прегледи. Погледнете го во продолжение.

Извор



912

X