Интересно видео во кое еден татко му вели на своето дете да каже кој му е најдобар пријател.
– Мораш да кажеш кој ти е најдобар пријател, на што малото момче одговара: – Тато.
– Јас сум твојот најдобар пријател? – го прашува таткото.
– Не зборувај гласно, не сакам мама да чуе – му вели момчето.
– Ама јас ти сум најдобар пријател, така? Но не сакаш мама да чуе? – вели таткото, на што момчето одговара потврдно.