Игротека

Видео: Татко „жонглира“ со своето дете, бејзбол-топка и чаша пиво

Видео од инцидент кој се случил на натпревар по бејзбол предизвика реакции на интернет, а луѓето се со измешани мисли откако го гледале видео. На снимката се гледа татко кој „жонглира“ со своето дете и со бејзбол-топка додека истовремено во раката држи чаша пиво. Некои упатуваат пофалби за неговата умешност, додека други не го одобруваат неговото однесување.

Видеото е вирално на многу социјални платформи. Еден корисник кој го објавил видеото на „Твитер“, во опис напишал што всушност се случува на клипот. „Чекајте, дали само што видов како овој човек а) го испушта своето дете, б) ја фаќа бејзбол-топката и в) не го истура своето пиво?! Неверојатно! Ова е џедај/кунг-фу татко!“

Откако е споделено, видеото има повеќе од 11,7 милиони прегледи, а бројката постојано расте. Некои го пофалуваат за жонглирачките вештини, но други ова го нарекуваат „лошо родителство“. „Зошто повеќе луѓе не потенцираат дека ова е всушност лошо родителство. Бебето изгледа трауматизирано и е многу небезбедно да се носат мали деца на натпревари со топки“, стои во една од реакциите.

Автор: Триша Сенгупта

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top