Секоја бременост е радост, ако била посакувана и планирана, а особено ако се очекувала некое време. Некогаш мораме да бидеме трпеливи, понекогаш малку се плашиме од сето она што го носи, понекогаш сакаме само да го држиме тоа мало чудо в раце што е можно поскоро. Ако ви е прва бременост – има многу непознати работи, возбуда, многу нови работи секој ден, а ако ви е втора или трета бременост – понекогаш сте поисплашени затоа што знаете што може да тргне наопаку.

И секогаш чекаме секој ултразвук да потврди дека сѐ е во ред, ја очекуваме таа точка на фотографијата од ултразвук. И понекогаш сме изненадени од повеќе од една точка на фотографијата… На пример – три точки.

Еден татко ги воодушевил и ги насмеал луѓето со својата реакција кога слушнал дека неговата сопруга носи тројки! Видеото го објавила Алона Рамбо на својот профил откако се вратила од првиот преглед и му кажала на сопругот дека носи тројка. Сопругот Закари Рамбо имал реакција која тешко се заборава, но сепак ни е мило што била фатена на камера, бидејќи е необична!

Кога ја прашал дали е сѐ во ред и дали „таа“ е здрава, сопругата го потсетила дека сѐ уште не го знаат полот на бебето, а потоа му ја подала фотографијата од ултразвукот. На фотографијата пишувало А, Б и В, но тој не разбрал што значи тоа.

„Душо, што значи A, Б, В?“,додека се слуша смеењето на Алона, па тој го повторува прашањето, сè повозбуден и збунет.

-Тројка?! Имаме три!? Што, па дали си ти мачка?“

Иако изјавата звучи непријатно и ги насмеала сите што го виделе видеото, сето тоа завршило со прегратка. Инаку, тие веќе се родители на две деца, ќерките Лука (5) и Соња (2), па Захари бил сосема неспремен да добијат тројка.

Извор



912

X