Интернетот е преполн со видеа кои покажуваат реакции на деца на веста дека ќе станат постари браќа или сестри. Но, вистинска реткост е да се види дека тинејџерите реагираат на таква новост како овој тинејџер. На „Твитер“ се појавила снимка која ја направила мајката Беки.

– Реакцијата на синот кога дозна дека ќе стане поголем брат – го опишала таа емотивното видео.

Родителите му дале честитка на синот во која се наоѓала среќната вест. Морал да ја изгребе фолијата за да дознае дали ќе добие брат или сестра. Кога прочитал за што се работи, почнал да плаче од среќа.

„Колку прекрасна реакција! Ќе биде најдобар постар брат!“, коментирал еден корисник под видеото, кое на многумина им измамило солзи радосници.

Извор



912

X