Слоновите се познати по нивното силно чувство за заедница и семејни врски. Видеото прикажува слоница како го штити своето малечко од посетителите во националниот парк.

Споделена од корисникот „Buitengebieden“ на „Твитер“, натписот на објавата гласи: „Мајката слоница го спречува своето дете да им пријде на туристите“. Речиси како да му кажува на своето дете да не зборува со непознати. На снимката се гледа како слоницата и слончето го поминуваат патот. Меѓутоа, кога слончето забележало туристи, почнало да се движи кон нив. Мајката брзо го тргнала своето бебе од посетителите и го заштитила. На крајот, таа се појавила многу учтиво пред туристите за да ги предупреди.

Откако било споделено, видеото ги маѓепсало корисниците на интернет. „Многу е слатко. Сите мајки се заштитнички настроени кон своите деца“, напишал еден корисник. „За тоа служат родителите. Да ги научиме младите на опасностите од животот. По секоја цена држете се подалеку од луѓето“, додал друг.

Трет напишал: „Секогаш сум изненаден колку добро животните комуницираат со своето семејство без да кажат збор. Такви величествени и неверојатни суштества! Добра и љубезна мајка за пример!“, коментирал четврти.

Извор



912

X