Познато е дека бебињата не можат сами да ја држат главата. За тоа им треба време и вежбање. Бебињата имаат целосна контрола врз држењето на главата од шест месеци, па вистинско изненадување е што едно новородено момче може целосно самостојно да ја држи главата.

Неговата мајка објавила видео снимено девет часа по породувањето и признала дека се изненадила: „Родив четири деца, но ова е неверојатно. Никогаш не сум слушнала за новороденче кое само ја држи главата“.

@nykeacrawley

My son at 9 hours old. These pandemic babies built different ?❤️

♬ original sound – Nykea Zinnerman

Мускулите на новородените бебиња се слаби, а тоа ги вклучува и мускулите на вратот. Тие стануваат поцврсти и постабилни со текот на времето, така што новородените бебиња треба да бидат поддржани со рацете на вратот и главата.

Во овој случај, многумина се сомневаат дека бебето има зголемен мускулен тонус или хипертонус, што може да влијае врз мускулатурата на целото тело. Бебињата со хипертонија ги опишуваат како цврсти, но од друга страна, тие имаат тешкотии да усвојат реакции на рамнотежа, па често паѓаат или одат на прсти. Во овој случај, неопходно е да се посети физијатар кој ќе го процени детето и по потреба ќе го вклучи на терапија и ќе покаже вежби со кои ќе се реши овој облик на дистоничен синдром.

Извор



912

X