Ретка е ситуацијата да се види трудница како седи и ужива додека пуши цигара. Не само што изгледа грдо, туку влијае и врз бебето. Мириса на чад, а на бебето тоа не му се допаѓа.

Чадот од цигарите содржи над 4.000 хемикалии, цијанид, олово и дури 60 состојки кои предизвикуваат рак. Кога пушите во текот на бременоста, токсините влегуваат во крвотокот, кој е единствениот извор на кислород и хранливи материи за бебето. Недостигот на кислород може да има големо влијание врз растот и развојот на бебето. Пушењето во бременоста ги удвојува шансите бебето да се роди предвреме или со помала телесна тежина.

На социјалните мрежи се појави илустрирано видео кое покажува како се чувствува бебето додека мајката пуши цигари. Забележано е дека е видно вознемирено и се однесува како да се бори за воздух. Погледнете го видеото:

Извор



912

X