Мајката Кетлин Франк на социјалните мрежи сподели видео на кое нејзиниот двегодишен син Квинси користи долг, тенок нож со кој сечи краставици за салата. Со една рака држи мало парче краставица, а со другата ножот.

– Мислам дека добивањето смислена работа во животот зборува и дека, дури и како дете, имаш улога и придонес. Сакав да ми помогне Квинси и беше многу поинтересно активно да го вклучам – вели Френк.

Видеото наречено „Способното момче на Кетлин“ има над 180 коментари. Многумина ѝ изразуваат поддршка на оваа мајка и нејзиното дете, фалејќи го неговото учество во семејните активности. Другите корисници покажуваат загриженост, грижејќи се дека детето може да се повреди.

Камил Бекера, готвачка од Њујорк, смета дека воопшто не е безбедно да му се дава нож на дете, нарекувајќи ја активноста досадна.

– Многу повреди со нож завршуваат во болница – вели таа.

Дали малите деца се способни за безбедно користење остри алатки?

Д-р Натали Брито, доцент за развојна психологија на Универзитетот „Стејнхард“, не се согласува со тоа. Таа вели дека малите деца може да бидат обучени да користат ножеви, наведувајќи дека културните групи, како што се заедниците на ловци-собирачи, на децата им овозможуваат да работат со остри алатки.

– Секако, како и секоја друга задача, на малите деца треба да им се покаже како да ја користат алатката, со многу можности за безбедна употреба на алатките и надзор од возрасните – вели Брито, додавајќи дека видеото јасно покажува дека ова не е првпат момчето да има нож со родителски надзор.

Дека на Квинси не му е првпат да користи нож, потврди и неговата мајка. Таа вели дека прво му дала нож за банана и путер за да вежба и тие разговарале за тоа како безбедно да го користи. Како што Квинси се усовршувал, така Кетлин станувала посигурна за неговата способност.

– Не се грижев дека може да се повреди бидејќи сериозно си ја сфаќа работата и посветува големо внимание – тој е толку сигурен – вели Кетлин.

Д-р Брито потврди дека децата можат да ги научат потребните вештини и вредности додека им помагаат на семејствата.

– Социјалните врски и рутини се важни елементи за развојот на детето. Дозволувањето на детето да придонесе за правење вечера создава социјална интеракција помеѓу детето и старателот, а исто така отвора можност за учење на детето… или дури само момент да разговараме со детето за неговиот ден или неговите чувства – објаснува таа.

Сепак, Брито додаде дека родителите не треба веднаш да почнат да ги усовршуваат ваквите вештини кај децата.

– Острите алатки не се потребни за да се создаде оваа интеракција, а децата можат да придонесат на многу начини, како што е поставување на масата – вели таа.

Извор



912

X