Ученичка од трето одделение станала позната во виртуелниот свет поради своите импресивни вештини во играње американски фудбал. Нејзиниот наставник по физичко образование Кент Хамилтон објавил на социјалната мрежа „Твитер“ снимка од Ема како вежба удар. Тој рекол дека барал креативен начин за вежбање удари во затворен простор.

Нејзиниот импресивен удар има над милион прегледи, а таа докажува и дека фудбалот не е спорт само за момчиња.

„Ова стана нешто навистина големо откако го споделила Карли Лојд“, рекол Хамилтон.

Лојд е членка на Националниот женски фудбалски тим во САД и тренирала со некои од НФЛ-тимовите пред сезоната. Хамилтон рекол дека тоа што Лојд игра е знак дека жените може да играат професионален американски фудбал.

 

– Мислам дека не сме далеку од појава на женски играчи во Националната фудбалска лига. Ова е доказ дека иднината е светла и за девојчињата – рекол Хамилтон.

Девојчињата понекогаш мислат дека фудбалот, хокејот или борачките вештини можат да ги тренираат само момчиња, но само небото е граница.

Бидејќи многумина ја виделе објавата за Ема, Хамилтон добива низа твитови во кои ја бараат Ема за напаѓач во тимовите. Многумина го прашуваат и за совети во врска со тренинзите. Голем број корисници коментирале дека сакаат да гледаат објави со ваква содржина. Има и такви што коментирале дека сакаат повторно да се вратат во училиште само за да бидат научени да играат фудбал од страна на Хамилтон.

Автор: Кортни Хамилтон



912

X