Дали некогаш сте застанале и сте помислиле како нашите мали гестови, начинот на кој зборуваме, нашиот тон влијаат врз децата? Нашите деца, децата што ги среќаваме при минување, децата на кои им сме воспитувачи, наставници?

Видеото подолу трае помалку од четири минути и е доволно за да ги отворите очите. Како изгледа денот на детето во светот на возрасните и како, всушност, можеме да им го скршиме духот, а да не го забележиме тоа.

Видеото покажува ден на училиште од перспектива на млад ученик. Го започнува денот со возбуда и ентузијазам (а денот е, всушност, метафора за целиот процес на растење и школување), а начинот на кој возрасните се однесуваат кон него – полека го обесхрабрува.

Вториот дел од видеото покажува како малите промени во однесувањето, насмевката, нежниот изглед и разбирање, во училницата и надвор, можат да всадат оптимизам и да го сменат начинот на кој детето гледа на училиште денес.

– Секој што го среќаваме во текот на денот може да направи нешто за да се чувствуваме подобро. Зборувајте со нас, не зборувајте ни нам.

Научете нѐ што треба да знаеме. Така ќе станеме попаметни. И кога разговарате со нас и нѐ учите, користете големи и важни зборови. Зборови што ќе ги користиме за читање и разбирање. И тоа ќе нѐ одведе на места каде што никогаш не би стигнале – да не бевте вие.

Што е тоа што можете да го направите? Учете и вие. Цело време. За да нѐ предизвикате да бидеме подобри и да дадеме сѐ од себе.

Охрабрете нѐ.

Разберете нѐ.

Извор



912

X