Мајки и бебиња. Таа невидлива врска постојано нѐ фасцинира. Тоа е сосема логично бидејќи започнува уште пред бебето да биде бебе. Мајката не може да живее без своето бебе, без разлика колку ѝ недостига да биде сама, а бебето едноставно не може да живее без мајката – ниту за момент.

Една мајка го снимила моментот кога била надвор од собата и на нејзиното бебе му било потребно утеха…

Алис Фишер од Ирска е самохрана мајка на 7-месечниот син Мајло. Бидејќи е сама со Мајло, ретко се разделуваат, но понекогаш едноставно мора да направи нешто без да биде присутна до него. На видеото што го објавила на „Тик-ток“ Мајло си игра со некоја бебешка играчка, има цуцла и изгледа дека се забавува. Но, во еден миг посегнува по наметката на мајка му што е оставена над каучот и ја гушка прилепувајќи се за неа. Колку е тоа слатко?

@alicefisher26 Mamas boy 🥹 #toosweet #nysweetboy ♬ What Was I Made For – Andrea Vanzo

Малиот Мајло нашол начин да биде близок со мајка си дури и кога таа не е тука.

Извор



912

X